Momata Rock Trail 10 е кратка по должина планинска трка со средно тежок технички профил на патеката која се движи по ниските делови од Селечка Планина, во пределот над манастирот Свети Димитрија, с. Селце, во близина на Прилеп, низ потесната област околу познатата карпа Момата.

Стартот е пред манастирот Свети Димитрија. Рутата на трката најпрвин се движи по комбинација од релативно изохиптична насока околу ридот Топташ, со делумно искачување на истиот до еден од неговите висински премини. Потоа следи благ спуст, па движење по планинска патека по изохипса кон седлото под Момата. Патеката продолжува кон секторот Домаќинско чешмуре, од каде по краток, но интензивен искачувачки сегмент, стигнува до задниот дел од Момата, од каде движи по права линија пред познатата карпа. Оттука следува мал спуст до делот над шумскиот зимзелен појас во кој е сместен манастирскиот комплекс. Потоа, по еден краток рамен дел, следи едно техничко спуштање низ шумата кон шрокиот пат кој води кон манастирот Свети Димитрија, на стартно-целната рамнина лоцирана пред него.

toptash_trail

Напомена: на места каде што има делење на патеката од останатите две, ќе има поставено видливи табли и волонтери кои ќе ве насочуваат.

markacija

  • Должина на патеката: 10 километри
  • Позитивна денивелација: 600 метри
  • Највисока точка: 1107 м.н.в
  • Најниска точка: 750 м.н.в
  • Просечна н.в: 950 метри
  • Старт: 9 часот

Котизација: 200 денари

Напомена: табелата се обновува на секои 5 минути.
Затвори