Momata Rock Trail Marathon е планинска трка со должина од 40 километри и позитивна искачувачка денивелација од 2.300 метри позитивна денивелација. Рутата се движи по целосната северо-западна страна на Селечка Планина (на која се лоцирани стартно-целната рамнина пред манастирот Свети Димитрија, патроната карпа на трката – Момата и останатите логистички места), нејзиниот висински срт од месноста Ливада до спустот кон Дунанива, врвот Шути врв на Мечка и пределот кај познатата карпа Бабин Заб.

babin-zab

Како и на двете помали трки поврзани со планинско-тркачката приказна за карпата Момата, и за маратонската трка стартно-целната рамнина е заедничка со останатите – лоцирана пред манастирот Свети Димитрија, с.Селце, кај Прилеп.

До домот Томе Темелкоски, рутата на Момата Рок Трејл Маратон се движи по истата линија со 20-километарската Момата Рок Трејл.

Од домот Томе Темелкоски, после кратокот искачување, кратката изохиптична делница и спустот до моментот на вртење на 20-километарската трка, долгата 40-километарска делница продолжува со спуст преку месноста Казанташ, кон ниските делови од северо-западната страна на Селечка Планина, до крајната ниска точка на ридот Топташ. Оттука, по рамна патека линијата на движење продолжува до искачувачкиот дел на преминот кон манастирот Света Петка над село Лениште. После искачувачката делница до преминот, следи спуст до манастирскиот комплекс.

sektor-kazantas

Од Света Петка, патеката продолжува по константна искачувачка линија на движење приклучувајќи се кон средишниот дел од поширокиот пат кој води од превојот Плетвар кон седлото под месноста Ливада. Од седлото до месноста Ливада следи уште една поинтензивна искачувачка делница со која се достигнува висинската точка на сртот од Селечка Планина.

Од Ливада, патеката продолжува со движење во правец на југо-запад, по самиот срт на планината, со искачување на врвот Ќуле. Од Ќуле следи спуст до планинарскиот дом Томе Темелкоски, од каде веднаш следи интензивно, кратко, но стрмно искачување кое ја враќа линијата на движење на сртот од планината.

Потоа рутата се движи по планинска патека со праволиниска насока до спустот кој води кон седлото наречено Дунанива. Ова седло претставува уште една крстосница меѓу средната (20 км) и долгата (40 км) делница на Момата Рок Трејлс. За разлика од средната делница од 20 километри која продолжува со спуст кон манастирот Свети Димитрија, долгата делница од Дунанива продолжува во лево, со стрмен искачувачки дел до Шут врв на ридот Мечка. Оттаму, после кратка рамна делница, следни еден интензивно стрмен спуст по тревнат терен, кој води до една од многуте патеки (ќе биде прописно маркирана) кои водат кон карпата Бабин Заб. Од Бабин Заб, рутата на Момата Рок Трејл Маратон продолжува по изохипска низ нискошумест појас на северната падина од Мечка, после кој следи еден прегледен и брз спуст до храмот Покров на Пресвета Богородица.

Од таа точка, по изохипса, со повремени кратки и благи спустови и искачувања, следи делница која трката ја води на финиш кон стартно-целната рамнина пред манастирот Свети Димитрија.

Организаторите ве замолуваат за време на трката првенствено да се држите и ориентирате според физичките маркации (црвено-бели ленти) на терен. Нормалните GPS отстапки кои се неизбежни на терен може да ве одведат на друга патека, бидејќи селечка планина изобилува со мноштво планинарски и дрварски патчиња кои често се вкрстуваат или движат паралелно, а потоа продолжуваат во различни правци. За да нема непријатни ситуации од типот фаќање погрешен правец, грешење на патеката, губење и слично, најдобар ориентир на „Момата 40“ биле и ќе бидат маркирните ленти.

На одредени делови од патеката ќе има табли и волонтери кои ќе ве насочуваат кон точниот правец трката.

markacija

  • Должина на патека: 40 километри
  • Позитивна денивелација: 2300 метри
  • Највисока точка: 1564 м.н.в
  • Најниска точка: 726 м.н.в
  • Просечна н.в: 1050 метри.
  • Старт: 8 часот

Задолжителната опрема може да варира во зависност од временските услови. Основна задолжителна опрема која треба да ја има секој учесник е:

  • Постојани резерви на вода од 1 литар
  • Ветроотпорна и водоотпорна јакна (во зависност од временските услови),
  • Ракавици
  • Капа
  • Мобилен телефон
Котизација: 600 денари
Напомена: табелата се обновува на секои 5 минути.
Затвори